Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот
Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишникот за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а доставен е и предлог за притвор.
Јавното обвинителство денеска соопшти дека поради недоразбирање во сообраќајот осомничениот управувајќи автомобил „Фолксваген голф” дошол во иста линија со возило „Сеат леон” кое го управувал оштетениот. Со автомобилот започнал да навлегува во лентата по која се движел оштетениот, па како да е овластен полициски службеник преку својот прозорец на оштетениот му ја покажал полициската значка, која била во возилото и со која бил задолжен неговиот татко – полициски службеник во СВР Скопје. Оштетениот, мислејќи дека се работи за стоп наредба од овластен полициски службеник, го запрел своето возило и се упатил кон возилото на осомничениот. Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал, стои во информацијата од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи ја предвид пред се опасноста тој да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода за да ја избегне кривичната одговорност за делото што му се става на товар.
Ново на Сител
-
Крмзов доби 30 дена притвор
-
Завршува учебната година
-
Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
-
Мицкоски и Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата
-
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
-
Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани
-
Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм