Наскоро ќе биде можно прикачување на Фејсбук и без интернет врска

Фејсбук најави дека наскоро ќе развие нова технологија која на корисниците ќе им овозможи приклучување на социјалната мрежа, дури и ако не се поврзани на интернет, објави „Тајмс“.
Според претставници на „Фејсбук“, идејата за развој на оваа технологија потекнала од поплаките на многу корисници дека поради лошиот интернет сигнал или бавната конекција имаат проблеми при сурфањето на социјалната мрежа.
- Ние сакаме на корисниците да им овозможиме пристап до инфорамциите кои им се важни. Ако врската е лоша, нивниот „news feed“ не се обновува и немаат пристап до нови содржини, соопшти Фејсбук.
Компанијата работи на развој на технологија која би требало да врши обнова на софтверот со информации и би им овоможувала на корисниците на Фејсбук да бидат активни, дури и без интернет конекција. Корисниците и тогаш ќе можат да коментираат содржини на мрежата и да објавуваат фотографии или статуси.
- Ова ќе го унапреди користењето на нашите услуги и ќе им помогне на сите оние кои живеат на места со лош интернет сигнал или пак минуват низ тунели и други места каде често се прекинува конекцијата, прицизира Фејсбук.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
