НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис
Раководството на НБА лигата суспендираше вечерва пет играчи вклучени во тепачката што се случи на натпреварот меѓу Детроит и Минесота (104-123), одигран во неделата во Минеаполис.
Инцидентот се случи во втората четвртина, откако кошаркарот на Детроит Рон Холанд го фаулираше Наз Рид. Дојде до нивна вербална расправија, по што се вклучи играчот на Минесота, Донте ДиВинченцо, а потоа и други играчи, што предизвика голем метеж на паркетот.
Играчот на Детроит, Ајзеа Стјуарт е суспендиран два натпревари без плата, поради неговата „повторена историја на неспортско однесување“, се вели во соопштението на директорот за кошаркарски операции на НБА, Џо Думарс.
Четворица други инволвирани во инцидентот се суспендирани по еден натпревар без плата – Рон Холанд и Маркус Сасер од Детроит, и Наз Рид и Донте ДиВинченцо од Минесота.
Ново на Сител
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени