Кошарка
19. May 2023 - 10:34

НБА: Втора победа на Денвер против Лејкерси

Откако победија  во првиот меч од финалето на Западот, Нагетси беа подобри во вториот меч, победувајќи со 108-103 со што кошаркарите на Денвер поведоа со 2-0 против Лејкерси во финалето на Западната конференција. Сега серијата се сели во ЛА каде ќе се играат два меча,  првиот на 20 мај, а вториот два дена подоцна.
 
Првата четвртина заврши нерешено (27-27), но во средината на втората четвртина гостите стигнаа до 11 поени предност (45-34).  Лејкерси беа во водство  и речиси цела трета четвртина, во еден момент повторно имаа +11.
 
Денвер брилијантно влезе во последната четвртина и по пет минути игра имаше 12 поени плус (96-84).
 
Во редовите на Денвер Мареј беше одлично расположен, постигна 37 поени од кои дури 7 од слободни фрлања во последните 50 секунди. 
 
Српскиот центар Никола Јокиќ забележа нов „трипл-дабл“, 23 поени, 17 скока и 12 асистенции
 
Кај Лејкерси Леброн Џејмс и Остин Ривс постигнаа по 22 коша. 
 
Во финалето на Источната конференција, кошаркарите на Мајами Хит водат со 1-0 во победите против Бостон Селтикс.