Loading Video...
Фудбал
3. October 2019 - 19:43
Не е важно кој е подобар туку кој ќе победи
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот за квалификацискиот дуел со Словенија закажан во Скопје за 10. Октомври во рамките на квалификациите за следното европско првенство.
По добрите игри во септември против Израел и Летонија, Ангеловски очекува токму дуелот со Словенците да биде пресврт за оваа генерација фудбалери која со победа може да направи значаен чекор кон врвот на табелата каде лидер е Полска.
За овој натпревар сигурно нема да може да се смета на Дарко Велковски и Бејтулаи а под знак прашалник е и настапот на Енис Барди.
Средбата се игра на 10. Октомври на Националната Арена Тоше Проески а три дена подоцна следува гостувањето на Полска.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->