-->
-->
Не ги лајкнувале неговите статуси па парично ги казнил работниците
-->
Директор на една кинеска патничка компанија се најде во центарот на вниманието откако е откриено дека парично ги казнил своите 200 вработени, кои не ги лајкнувале или позитивно коментирале неговите постови на социјалните мрежи или на неговиот блог.

Жанг Минг, генерален директор на патничката агенција „Шандонг Јиахуа калчр интернешнел травел ејџенси“, е голем љубител на кинеската социјална мрежа Веибо. Не само што редовно пишува и ги поставува своите статии, туку барал од своите вработени позитивно да ги оценат неговите статии и постови. Исто така, од нив барал да ги следат неговите профили на социјалните мрежи. Од работниците се очекувало секое утро да ги читаат неговите нови статуси, за да бидат во тек со случувањата.
– Не знаевме како тоа да го изведеме, па еден колега задолживме секое утро, преку спикерфон, да ги чита неговите статуси, за сите да бидат во тек со неговото пишување – рекол еден работник. Неговите постови и статуси главно биле вести за активностите на компанијата или некои инспиративни и мотивациски цитати.
Сепак, повеќето службеници не ги читале неговите постови, само некои, одвреме-навреме, ставале „смајли“, само за да види директорот дека барем нешто читале.
Директорот на крај одлучил да примени крајни мерки, а тоа било намалување на платата. Повеќе од 200 работници биле казнети со намалување на платата од 50 јуани, додека еден работник бил казнет со дури 150 јуани, што е поголема сума.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
