Не може да се обезбедат доволно попишувачи но одложување нема да има
Нема доволно попишувачи за сите пописни реони и по второто продолжување на рокот за пријавање на спроведувачи на пописот што треба да почне на 1 септември, потврдуваат од Државниот завод за статистика.
Сепак, Симовски уверува дека дури и да не се пополни бројот на попишувачите, тоа нема да влијае на текот на статистичката операција бидејќи пописот трае подолго и ќе се стигне насекаде.
Апел за пријава на попишувачите денеска испрати и премиерот Зоран Заев. Тоа што Македонија го живее четвртиот бран корона вирус не е причина за одолжување на пописот, смета премиерот.
Од Статистика потврдуваат дека ги добиле здравствените протоколи за тоа како треба да се спроведува пописот.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ без конкретен став дали е потребно ново одложување на статистичката операција, но коментираат дека власта лошо се соравила со корона пандемијата и дека не го искористила летото за помасовна имунизација.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
