Не запира палењето езерска трска во Струга
Се уште нема конкретни чекори за заштита на трската долж охридското езеро. Граѓанските активисти алармираат дека по последниот пожар на потегот кај струшко Калишта не е ништо преземено а дополнително на одредени парцели се тампонира ,тие забележуваат дека се користи секој момент за градба и узурпација на крајбрежјето и бараат од институциите да преземат ригорозни мерки против уништувањето на трските
Од хидробиолошкиот институт велат дека со палењето на трската се загрозува растителниот и животинскиот свет.
Невладините и екологистите посочуваат дека сегашната слика на струшкото крајбрежје е во многу лоша состојба. Појасот трски се соочува со сечење, палење, копање, бетонирање и уништување а неконтролираните градби по должината на брегот на езерото имаат негативно влијание врз езерото
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
