Не запира палењето на езерската трска во Струга
Не запира уништувањето на трската на брегот на Охридското езеро во Струга.Сечењето и палењето е слика која што се повторува секоја година. Пожарот кој изби вчера во непосредна близина на Калишта според проценките на очевидците опожари еден хектар езерска трска во и околу езерото каде живеат разни видови птици и се мрести крапот. Несовесните граѓани во потрага по профит за изградба на плажи ги прошируваат приватните имоти реагираат граѓанските активисти.
Екологистите обвинуваат дека секоја година пред почетокот на летната сезона се палењето на трската се подготвуваат терени за узурпација на брегот.
Причините за настанувањето на пожарот допрва ќе се утврдуваат.Инаку пред еден месец исто така во близина на селото Калишта беше опожарена трска, а неколку недели претходно, пак, гореше истиот овој потег од Струга до селото.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
