Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки

Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 -ти како Меѓународниот ден на медицинските сестри.
Настанот е во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија.
-Периодов Министерството е посветено на зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи и само за два месеца направивме силен исчекор со вработување над 1.250 лица во јавноздравствениот сектор, а голем дел од нив се токму медицински сестри. Со ова, праќаме порака дека државата ја вреднува вашата работа, вашиот труд и вашата посветеност. Во делот на финансиска стимулација, минатиот месец го потпишавме Колективниот договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, за покачување од седум отсто со мартовската плата, а потоа имаме утврдена динамика и за наредни покачувања на платите во наредните години - рече министерот Алиу.
Тој нагласи дека остануваат посветени на постојана надградба на здравствената инфраструктура, на подобрување на статусот на медицинските сестри и на континуирано унапредување во нивните образование и професионален развој.
-Заедно ја градиме иднината во која секоја медицинска сестра и акушерка ќе биде поддржана и почитувана и заеднички придонесуваме за здравствен систем според европските стандарди - посочи министерот за здравство.
Тања Трајковска, дипломирана акушерка, во изјавата за медиуми рече дека има недостиг од акушерки, особено на примарно ниво. Најголемите евидентирани проблеми биле токму од примарната здравствена заштита.
- За да бидете акушерка, треба да имате завршено високо образование. Со средно училиште не можете да бидете акушерка, затоа што акушерството самото по себе не е само професија, туку и една уметност што во себе ги вклучува и грижата за мајката и за бебето - рече Трајковска на новинарско прашање.
Порака упати и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски посочувајќи дека со силни сестри има силни здравствени установи.
МИА
Ново на Сител
-

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе ја унапредува физичката подготвеност на војниците
-

Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата
-

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
-

Поранешниот директор на СОЗР со владин авион и службена картичка патувал и плаќал за приватни потреби
-

Едногласна доверба за нови успеси – проф. д-р Влатко Неделковски избран за нов мандат за декан на ФФОСЗ
-

Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
