Македонија
15. July 2026 - 11:35

Едногласна доверба за нови успеси – проф. д-р Влатко Неделковски избран за нов мандат за декан на ФФОСЗ

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го избра проф. д-р Влатко Неделковски за декан и во следниот мандат.

Одлуката била донесена едногласно од Наставно-научниот совет, со поддршка од сите професори, што, како што наведуваат од Факултетот, претставува потврда за довербата во неговото досегашно работење и резултатите постигнати во изминатиот период.

Во новиот мандат се најавуваат продолжување на научноистражувачките активности, унапредување на наставниот процес, развој на инфраструктурата и проширување на меѓународната соработка со високообразовни институции.

Со повторниот избор, Неделковски продолжува да ја предводи институцијата со цел понатамошен развој на образованието, спортот и науката.