Македонија
31. October 2026 - 17:22

Охрид една од најбараните локации за купување станови

Иако цените на недвижностите во Охрид растат  побарувачката не стивнува  особено кај новоградбите и на атрактивните локации .

Просечните цени на становите варираат драстично во зависност од локацијата, погледот кон езерото и квалитетот на градбата, во новоградба моментално се движат од 1500-2500 евра за метар квадратен, на најатрактивните локации пак во строгиот центар и на брегот на Охридското езеро достигнуваат 3000 евра за метар квадратен додека кај постарите станови се движат до 1200 евра.

Најбарани се помалите станови од 40-50 квадратни метри но има интерес и за поголемите станови додека за куќи побарувачката е послаба.

Најголем дел од купувачите на недвижности се домашните додека 10 посто од купувачите се странци.

Од пазарот на недвижности посочуваат дека цените  во Охрид и натаму бележат тенденција на раст иако тој не е подеднакво изразен кај сите категории недвижности и на сите локации.