Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
Македонски шуми годинава бележат намален обем на дрвокрадство и зголемен број на пријави и откриени случаи. Сепак, од претпријатието оценуваат дека состојбата и натаму е незадоволителна, а клучен проблем останува недоволната координација меѓу надлежните институции.
Според заменик-генералниот директор Кире Михаилов, нелегалната сеча со години наназад била присутна, но во минатото голем дел од криминалот не бил процесуиран. Денес, иако статистичките податоци не покажуваат драстични отстапувања во однос на претходните години, на терен е забележливо значително намалување на организираниот криминал, особено кај поголемите дрвокрадски групи.
И покрај зголемениот број пријави и откриени случаи, од Македонски шуми укажуваат дека значителен дел од предметите не добивале соодветна судска завршница.
Токму затоа, како што потенцира Михаилов, едно од клучните решенија било поинтензивна и поефикасна координација меѓу сите надлежни , од шумската полиција и МВР, до обвинителството и судството , со цел секој предмет да биде целосно документиран и да добие правосилна завршница.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
