Македонија
16. March 2019 - 16:32

Нема кој да ги заштити артефактите

Неколку илјади артефакти во струмичкиот музеј стојат не обработени и незаштитени. Немањто доволно конзерватори е главниот проблем. Од музејот велат се работи за проблем со кој се соочуваат со години наназад. Веќе подолго време работат  само со  еден конзерватор кој е специјализиран за керамика.  Дел од наодите кои ги добиваат од истражувањата на археолошките локалитети во регионот често ги обработуваат благодарение на надворешени соработници, но и тоа не било трајно решение бидејќи проблемот со малиот број конзерватори бил на ниво на цела држава.

,, По мои сознанија има 15 – 20 конзерватори од кои најголемиот дел се пред пензија. Истражувањата на локалитетите не само во струмичко туку и во цел  регион продолжуваат,  така да голем дел од наодите секако треба да бидат заштитени. И тоа не само наодите од локалитетите кои излегуваат . Потреба за конзервација еве имаат сите фрески и икони што ги имаме по струмичките цркви . Ние имаме фрески и икони стари по стотина двеста години кои се оставени на забот на времето.,, вели Ацо Манински-Директор на Завод и Музеј на Струмица.

Од струмичкиот завод и музеј велат едно од решенијата на овој проблем било отворање на посебен конзерваторски центар со депо за откриените артефакти. Тие веќе почнале со подготовка на проект  кој ќе значи обезбедување на просторни и кадровски услови за нормално одвивање на процесот на обработка и конзервација  на откриените артефакти. Нивната идеја позитивно била прифатена и од локалната и од централната власт и се надеваат дека истата ќе може успешно  да се реализира со што ќе се овозможи поголема заштита, чувањено  и презентација  на значајни артефакти од целиот регион.