Нема напредок во истрагата за тетовската трагедија
Ниту нова трага во истрагата, ниту глас од германските истражители и македонските обвинители за тоа како се случила несреќата и има ли одговорност за пожарот во болница во Тетово каде изгореа 14 лица. Случајот го водат скопските и тетовските обвинители кои највуваа брза истрага, а до сега требаше да биде готов и извештајот на германските истражители кои неколку дена по несреќата дојдоа за да направат независна ексертиза.
Обвинителот Јовески за Сител потврди дека нема напредок во истрагата. На прашањата што досега е направено во истрагата, дали е добиен некаков извештај од германските експерти и кога истрагата ќе заврши, Јовески ни одговори:
Нема напредок ни во Обивнителството за орагнизиран криминал што го води предметот околу набавката на модуларните болници. На прашањето до обвинителката Русковска дали е задоволна од темпото, што е ново преземано и кога може да се очекува заокружување на истрагата, таа кусо ни одговори:
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, се уште не се откажува од барањето и на политичка одговорност за настанот преку анектна комисија во парламентот. Ја обвинува власта дека ја користи изборната пауза за да го одговолечи случајот и се сомнева во влијание на истрагата.
Несреќата во Тетово се случи пред речиси еден месец, на 8 септември, кога во модуларната болница изби пожар кој за три минути го пеплоса објектот, а во него изгореа 14 пациенти.
По реакциите во јавноста оставки кај премиерот Заев депонираа министерот Филипче, заменикот Хасани и двајцата директори на тетовската болница. За нив премиерот ќе одлучувал по завршувањето на истрагата.
Во меѓувреме, во јавноста излегоа документи од набавката на модуларната болица според кои таа била изработена од пур панели што се послабо термо стабилни, како и документ од инвеститорот Светска банка дека надлежни за примопредавањето и одржувањето на болницата биле директорот на болницата и општината Тетово.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
