Македонија
15. March 2023 - 16:35

Нема пари за „жешките“ точки како Охис, Југохром, Лојане

Жешките точки и натаму се сериозен предизвик за министерството.Само за три од нив потребни се 300 милиони евра. За отстраанувањето на линданот од големата депонија во Охис, Југохром, Лојане ќе се чекаат подобри времиња.

Приоритет на новата министерка за животна средина ќе биде отпадот. Обезбедени се средства преку заеми за изградба на депонии во пет региони. Доколку општините не соработуваат, Шукова вели можно е да им се одземат ингеренциите во тој дел.

Инаку денеска во Брисел почна скрининг процесот за животната средина, од шестте кои Македонија треба да ги заврши до ноември годинава.Токму од ова поглавје сериозно зависи евроинтегративниот процес на земјава.