Нема прекин во Премиер лигата
Откако изминатиот викенд беа одложени дури шест од вкупно 10-те натпревари, клубовите побараа итна средба со раководството, на која се разгледуваше опцијата за одложување на првенството.
На повеќе часовниот состанок, клубовите излегоа со неколку варијанти.
Една од нив беше и привремен прекин на првенството се до првиот ден во новата година, за кога се закажани дуелите од 21-то коло.
Сепак, тоа е оценето како дополнителен проблем бидејќи, веќе одложените натпревари, како и претстојните куп натпреварите, би направиле вистински хаос во и онака згуснатиот календар, па како и што најавија англиските медиуми, невозможно беше да има повеќенеделен прекин на сезоната.
Впрочем тоа е и одлуката на денешната средба на клубовите и раководството од Премиер лигата, со заклучок, дека секое одложување од овој тип би направил огромна финансиска загуба за Премиер лигата и клубовите.
Така натпреварите во англиското првенство ќе продолжат според планот и тоа во забрзан ритам
Во недела и понеделник ќе се играат дуелите од 19.коло, а веднаш потоа од вторник до четврток на програмата е 20-тата рунда, по што следува само еден ден пауза, за веќе на првиот ден во новата година да започне 21-вата рунда.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар