Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Во Тетовскиот Регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на другите водотеци, каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во Битолскиот Регион преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на улицата Буквски мост за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување. Нивото на Црна Река во село Новаци изнесува 310 см. Во ЕЛС - Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонијапат“.
На подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.
Вкупно 250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи. Екипи на ЈП „Комуналец“ и на ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
