Македонија
6. October 2020 - 16:31

Ненадејно почина 11-годишниот Илче чија сторија ја потресе Македонија

Почина 11-годишниот Илче од Охрид која беше оставен од своите родители, а потоа сместен во мал групен дом. Детето имаше церебрална парализа и други здравствени проблеми, а неподвижно и прегладнето беше оставено само во својот дом во исклучително лоши услови. Директорката на Специјалниот завод Демир Капија Александра Велковска за Сител вели дека смртта ги изненадила бидејќи бил во добра состојба претходниот ден имал благо покачена темпертура по што му била дадена и соодветна терапија.

Илче на 7 август беше сместен во групниот дом каде живеел со други две деца, неговото тело ќе биде дадено за обдукција во насока на откривање на причините за настанатата смрт.

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од МВР извршиле увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија.