Македонија
7. August 2026 - 12:10

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани

Цели покуќнини, градежен шут и најразличен отпад расфрлан околу контенјерите го нагрдуваат градот. Иако постојано се расчистуваат дивите депонии, за кратко време на истото место повторно никнуваат нови. И покрај 30-те поставени камери на најкритичните места кои ќе се користат како доказ за идентификување и казнување свеста кај населението е на ниско ниво.

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани кои фрлаат отпад на недозволени места и претставуваат сериозна закана за животната средина, јавното здравје и туристичкиот имиџ на градот. 

Од ЈП Комуналец апелираат до сите посетители и граѓани да придонесат за зачувување на чистотата на градот.

Оттаму повикуваат отпадот да се одлага во поставените корпи и контејнери, а со одговорно однесување да се помогне Охрид да остане уредна и привлечна туристичка дестинација.