Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
Додека компаниите се соочуваат со недостиг на кадар, жените одбиваат да прифатат работа, затоа што не можат да ги усогласат работните со приватните обврски. Неопходно е креирање работни места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот.
Такви се воведување флексибилно работно време, дополителни паузи за носење дета на лекар, бесплатни градинки или курсеви за децата, дополнителни финансиски бенефиции.
-Флексибилноста ќе им даде можност да се грижати за семејството и за работата. Искуството покажува дека се намалува бројот на отсуства и боледувања од работа, но им овозможува вработените да планираат повеќе деца. Ако знаат дека газдата ја дава таа флекисбилност, ќе бидат и попродуктивни. Неопходна е и институционална поддршка – градинки, деца, домови за згрижување стари лица, изјави Никица Кусиникова, извршен директор на Конект.
Иако расте бројот на позитивни примери и опшететсвено одговорни компании, бројни се и негативните примери, кои ни законските обврски не ги спроведуваат.
-Казнување на жените затоа што заминале на породилно отстуство, враќање на пониска позиција или отпуштање. Мора да поработиме малце и во тој сегмент, додава Кусиникова.
Проектот кој се спроведува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации покажува дека компаниите кои креирале работни места по мерка на семејството ја намалиле флуктуацијата на работници за 35%, отуствата од работа за 14 отсто, а во исто време се зголемила лојалноста и задоволството од работата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
