Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е целосно согласен со американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.
„Додека сум премиер на Израел, Иран нема да има нуклеарно оружје“, изјави Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет.
Тој наведе дека повеќе од три децении води меѓународна борба против иранската нуклеарна програма.
„Без оваа борба, Иран одамна ќе имаше нуклеарни бомби за да го уништи Израел“, тврди Нетанјаху.
Тој додаде дека Иран работи на уништување на еврејската држава и дека својот живот го посветил на спречување на такво сценарио.
Иранската државна новинска агенција ИРНА денеска објави дека Иран не презема никакви обврски поврзани со пренесување на управувањето со Ормуската Теснина во рамки на меморандумот за разбирање со САД, како и дека во актуелниот меморандум не е постигнат договор за иранската нуклеарна програма.
Според агенцијата, преговорите за нуклеарното прашање треба да се одржат во рок од 60 дена од потпишувањето на меморандумот.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
-

Нетанјаху изрази оптимизам во врска со потенцијалниот договор меѓу САД и Иран
-

Суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун на 30 години затвор
