Нетанјаху: Израел ќе одреди кои странски војници ќе учествуваат во меѓународните сили во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе одреди на кои странски војници ќе им дозволи да бидат дел од планираните меѓународни сили во Газа, за да помогнат во завршувањето на војната според планот на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ние ја контролираме нашата безбедност и исто така јасно ставивме до знаење во врска со меѓународните сили дека Израел ќе одреди кои војници се прифатливи за нас, рече Нетанјаху на состанокот на владиниот кабинет.
Нетанјаху кажа дека ваквиот израелски став е прифатлив и за САД.
Администрацијата на Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски војници во Газа. Се очекува меѓународните сили во Газа да бидат од Египет, Индонезија и земјите од Персискиот Залив.
Појасот Газа е под окупација од Израел, кој ги контролира сите пристапи до палестинската енклава.
МИА
Ново на Сител
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
