Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут.
„Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени сили да нападнат терористички цели во областа Дахија, во Бејрут“, наведе Нетанјаху во објава на Икс.
Во меѓувреме, либанскиот претседател Џозеф Аун рече дека неговата земја се соочува со „злобна израелска агресија достојна за осуда“ откако Израел ја засили својата офанзива против Хезболах со освојувањето на средновековниот замок Бофорт, објави весникот Гардијан.
Во објава на Икс Аун наведе дека „ќе работи на тоа да се стави крај на страдањето на либанскиот народ, особено на луѓето на југот од земјата“.
МИА
Ново на Сител
-

Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
-

Анализи на примероци од Дојранското езеро покажале дека водата може да се користи за капење
-

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта
-

Пожар на депонијата „Краста“, екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово на терен
-

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“
-

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција
-

ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
