Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето

Премиерот Нетанјаху им нареди на војските веднаш да извршат силни напади во Појасот Газа, со цел да се одговори на секое прекршување на примирјето“, стои во соопштението од кабинетот на премиерот.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ѝ нареди на армијата да изведе силни напади во Појасот Газа, откако ја обвини организацијата Хамас дека го прекршила примирјето постигнато со посредство на САД.
„По безбедносни консултации, премиерот Нетанјаху им нареди на воените сили веднаш да нанесат силни удари во Појасот Газа“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
Изјавата следеше откако Израел соопшти дека борци на Хамас отвориле оган врз израелски војници во јужниот дел на Газа. Инцидентот се случи во услови на зголемена напнатост, откако Хамас предаде ковчег кој, според Израел, содржел само делови од веќе вратено тело на заложник.
Според безбедносни извори, Израелските вооружени сили се подготвени за евентуално продолжување на конфликтот доколку Хамас не се придржува кон договореното примирје.
МИА
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
