Нетанјаху: Нашите крволочни непријателите не нè скршија

Одбележувајќи ја втората годишнина од нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската милитантна група Хамас, премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера вети дека ќе продолжи да ги остварува воените цели на Израел, јави ДПА.
„Нашите крволочни непријатели нè удрија силно, но не нè скршија“, рече тој во изјавата што вчера беше цитирана од израелските медиуми. „Кој и да крене рака против нас добива невидени удари“, додаде тој, пренесе германската агенција.
Нетанјаху рече дека Израел е „во денови на историска одлука“, ветувајќи дека „ќе продолжи да дејствува на секој начин за да ги врати сите заложници – и живите и оние што беа убиени“.
„Ќе продолжиме да дејствуваме за да ги постигнеме сите цели во војната“, додаде Нетанјаху, наведувајќи го „враќањето на сите наши заложници, елиминирањето на владеењето на Хамас и обезбедувањето дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел“.
Во нападот на Хамас и други исламистички милитанти на 7 октомври 2023 година загинаа околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа однесени во Газа како заложници. Нападот ја предизвика актуелната војна во Газа. Се смета дека Хамас сè уште држи 20 живи заложници, заедно со телата на повеќе од 20 други, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Во чест на Св. Трифун групна изложба од 35 уметници во Музеј Галерија Кавадарци
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
-

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
