Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел и САД го убиле врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и ги повика Иранците да „излезат на улиците и да ја завршат работата“.
Имаше многу знаци што укажуваат дека Хамнеи „веќе не постои“, рече Нетанјаху без експлицитно да ја потврди неговата смрт. Тој рече дека комплексот на Хамнеи е уништен, а командантите на Револуционерната гарда и високите нуклеарни функционери се убиени.
Тој објави дека операцијата ќе продолжи сè додека е потребно и повика на трпение. Нетанјаху рече дека Израел има „алијанса за мир и алијанса за војна“, додавајќи дека оваа војна на крајот ќе доведе до „вистински мир“.
-Ова е можност да се направи нешто. Не седете со скрстени раце, бидејќи ќе дојде време кога ќе бидете замолени да излезете масовно на улиците. Мора да ја завршите оваа работа, мора да го соборите и искорените овој режим – заклучи тој.
Од друга страна, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека врховниот лидер и претседателот се живи и безбедни, по информациите за напад врз комплекс во Техеран.
„Сите се безбедни и неповредени“, изјави портпаролот, додавајќи дека дел од иранските команданти загинале, но дека вооружените сили преземаат неопходни мерки за одбрана на земјата.
Ново на Сител
-

Се намалуваат коефициентите за пресметка на функционерските плати
-

Совет на јавни обвинители: Не е во ред Филков да ги прозива судиите и обвинителите со име и презиме
-

СДСМ: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено
-

ИКС промовираше нов документ за јавна политика: Медиумскиот еко систем и СММИ
-

Поплавите предизвикаа штети на земјоделските површини
-

Преглед на вестите од светот
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
