Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
Парламентарците во Собранието на Косово не успеаја да формираат комисија за избор на претседател на Парламентот, со што заврши 53-тиот обид за конституирање на тоа тело, а продолжението на седницата на собранието е закажано за вечерва во 22:00 часот
Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово не предложија членови на изборната комисија за тајното гласање.
Тие побараа од претседателот, Авни Дехари, да ја врати постапката на јавно гласање и да ја почитува одлуката на Уставниот суд на Косово.
Дехари ги прекина сите во говорите со исклучување на микрофонот.
Од 107 пратеници присутни на седницата - 56 гласаа за формирање на комисијата.
Дехари ја прекина седницата и го најави продолжението за вечерва во 22:00 часот.
Како што изјави, ќе се обиде да најде решение и да го конституира парламентот пред да истече рокот утврден од Уставниот суд - а истекува вечерва на полноќ.
После тоа, објасни тој, нема можност до 8 август да се продолжи со седницата - што е уште еден рок утврден од Уставниот суд, или како што тој суд ќе утврди што да се прави понатаму.
Доколку парламентот не се конституира и денеска, според одлуката на Уставниот суд, од 27 јули до 8 август ќе биде на сила привремена забрана за седниците на Собранието на Косово.
МИА
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево