Невидена гејмерска манија: ГТА VI одиграна 683 милиони часа за само четири дена од 39 милиони играчи на PlayStation 5

Долгоочекуваната видеоигра „Grand Theft Auto VI“ (ГТА VI) продолжува да руши рекорди, откако компанијата „Sony“ објави неверојатни податоци за нејзините први четири дена од лансирањето.
Според официјалните информации, од 19 до 22 ноември 2026 година, повеќе од 39 милиони играчи ја играле ГТА VI на PlayStation 5, поминувајќи вкупно неверојатни 683 милиони часа во виртуелниот свет на играта.
Тоа значи дека секој играч во просек поминал околу 17,4 часа играјќи ја ГТА VI во текот на првите четири дена, што дополнително ја потврдува огромната популарност на новото продолжение од легендарната франшиза.
Ако сите часови поминати во играта се соберат, тие се еквивалентни на речиси 78.000 години непрекинато играње.
Од „Sony“ соопштија дека ГТА VI го остварила најголемото лансирање во историјата на PlayStation, поставувајќи и нов рекорд по бројот на истовремено активни играчи. Со тоа играта ги надминала претходните рекорди на платформата, вклучувајќи ги и оние поставени од популарните мултиплеер и бесплатни игри.
Особено е значајно што овие бројки се однесуваат исклучиво на PlayStation 5, што значи дека играчите на Xbox не се вклучени во статистиката.
ГТА VI, развиена од „Rockstar Games“, беше објавена на 19 ноември 2026 година, а уште во првите денови од продажбата покажа дека станува збор за еден од најголемите настани во историјата на индустријата за видеоигри.
Ново на Сител
-

Повторно обид за блокада на седницата за пратенички прашања
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ бара платено отсуство од работа за работничките и работниците кои се жртви на насилство
-

Недостигот на кадар го пополнуваат младите
-

Самит ЕУ - Западен Балкан: За Македонија само повеќе пари
-

Тема на денот со Марко Трошановски, Институт за демократија „Социетас Цивилис“
-

Мицкоски од Брисел: Одбивам разговори за билатерални прашања
-

Протест против насилството и фемицидот: Собранието да го донесе законот до 10 декември
