Самит ЕУ - Западен Балкан: За Македонија само повеќе пари
Прво усвојување на Акцискиот план за малцинство, потоа разговори за следните чекори. Премиерот Мицкоски на самитот „ЕУ Западен Балкан“ од Брисел порача дека нема да отстапи од сегашните услови. Тој потенцира дека исполнивме се што се бара од нас од Реформската агенда, но билатералните прашања не се дел од тоа. Очекува Унијата да ги препознае преземените чекори и да не вреднува по системот на заслуги.
- Ние сме подготвени да разговараме. Ние прво треба да разговараме за Акцискиот план. Тоа сум го кажувал многу пати во минатото и ќе го повторам и денес. Утре да одлучиме да го промениме Уставот, што нема да се случи, но хипотетички, повторно пред нас имаме пречка, а тоа е Акцискиот план за малцинства, рече Мицкоски.
Унијата е задоволна од исполнување на обврските од Реформската агенда. Затоа следниве недели ќе го зголеми буџетот од планот за раст. Од земјите кои не ги искористиле парите, ќе ги распредели на Македонија, која ќе добие дополнителни 10 отсто, а Албанија и Црна Гора – 15%.
Брисел веќе има одобрено 750 милиони евра за реализација на реформите од Планот за раст.
Пораката која Унијата ја испрати до земјите од Западен Балкан е јасна – да ги спроведат реформите кои ќе не приближат до нив. Проширувањето е реална можност и треба да се искористи.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
