Македонија
4. August 2025 - 17:54

Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Од УХМР информираат дека од запад кон Скопје по планинските предели се приближува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилна облачна маса која ја зафаќа Скопската Котлина од југозапад проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа можна појава на град. Нестабилност која е проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафаќа и Кумановскиот регион од југ и југозапад.