Свет
27. January 2026 - 11:24

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани

Поради големата бура Чандра што го погоди Обединетото Кралство денеска беа  затворени стотици училишта, а бројни патишта беа блокирани.

„Вкупно 242 училишта се затворени во Северна Ирска денеска поради лоши временски услови“, се наведува на веб-страницата на владата, пренесе Скај њуз.

Жолто ниво на предупредување заради ветрот е на сила во Северна Ирска до вечер до 21 часот.

Метеоролошката служба наведува дека бурата ќе донесе многу силни ветрови и дека летачки отпад би можел да доведе до повреди и опасност по животот.

Налети од ветер со брзина помеѓу 97 и 113 километри на час ќе ги погодат источните и северните делови на Северна Ирска, а неколку крајбрежни локации ќе има налети од 120 километри на час.

Голем број главни патишта се затворени низ Велика Британија поради бурата.

Како што е наведено, патиштата за кои станува збор се во Девон, Сомерсет и Дорсет.