Македонија
10. August 2025 - 16:47

Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи

Добра одлука, но задоцнета. Независните кандидати за градоначалници и советници со доза на сомнеж дека Државната изборна комисија, покрај од партии, ќе прифаќа кандидатури и од група на избирачи.
И покрај ставот на ДИК, од Зелен хуман град, ќе формираат партија за да го загарантира учествотото на изборите на 19 октомври.

Втората иницијатива на Независните од Карпош, Зелените од Гази баба и Шанса за Центар допрва ќе одлучуваат дали ќе конкурираат со партија или пак, ќе ја искористат шансата од ДИК. 

Државната изборна комисија вчера вон сила го стави Упатството за собирање на граѓански потписи преку нотари за независни кандидатури поради одлуката на Уставниот суд.  Сепак, од таму се повикаа на членот 60 од Изборниот законик, кој се уште важи, дека право на кадидатура за локални избори ТЕЛОП „имаат регистрираните политички партии самостојно, коалиции, како и група избирачи“.

Бидејки по одлуката на Уставниот суд, Собранието не донесе критериуми колку граѓански потписи заверени кај нотар се потребни за независна кандидатура останува неофицијалното толкување од ДИК дека сега потребни се само неколку граѓани со своите матични броеви, без заверка на нотар, директно во ДИК да пријават независен кандидат или листа на советници.

Бидејки се работи за локални избори, а Собранието останува во заседание од ДИК сепак се надеваат дека во последен момент ќе се донесат потребните измени на Изборниот законик. Но, најголемите партии велат дека шансите за тоа се премали. И покрај тоа што има начелен договор да се одреди понизок праг на граѓански потписи од тој што го укина Уставнииот суд, измените биле блокирани од ДУИ.

Познавачите велат, дека Собранието има шанса да одреди и критериуми за независни кандидатури без законски измени туку и преку автентиучно толкување на членовите од изборниот законик што не се укинати.