Македонија
14. May 2025 - 20:37
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
02 Иницијатива, Шанса за Центар и Независни за Карпош поднесоа амандмани за измена на Законот за локална самоуправа. Од 20-тината забелешки, најголемиот дел од нив се однесуваат на транспарентноста на општините.
Поднесуваат амандмани, бидејќи како што велат, ниту еден предлог не им бил прифатен кога законот бил на ЕНЕР.
Законот се носи во транспарентна постапка која трае повеќе од осум месеци, дециден е министерот Перински.
Измена на законот за локална самоуправа, се прави по повеќе 20 години, со главна иницијатива да може градоначалник да биде отповикан од функција преку рефенрендум.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->