Николоски - Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт.
- Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка - истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрувањето на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата. На средбата се разговараше за реализација на проектите на коридорите 8 и 10, како и на 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти. Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти - потенцира вицепремиерот Николоски, наведува Министерството во соопштение.
На средбата, на која, како посочува што Министерството за транспорт, „уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД“, се разговарло и за „стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата, како и за процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.“
- Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за поддршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Анџела Агелер во текот на својот мандат како искрен пријател на Македонија. Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи - информира по средбата Министерството за транспорт.
МИА
Ново на Сител
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
-

Шефицата на дипломатијата на Гренланд по средбата со Венс и Рубио: Притисокот беше неподнослив
-

Измамена 54-годишна жена - и ветиле стан во Скопје и работа за нејзината ќерка како цариник
-

Тепачка на скопскиот аеродром
-

Приведено лице од кумановско, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник
-

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307
-

Николоски - Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи
