Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување

Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Средбите се одржаа во рамики на на македонско-турскиот бизнис-форум што денеска се одржува во Истанбул.
Министерот за трговија на Турција, пак, на социјалната мрежа „Х“ ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување и напиша дека двете земји продолжуваат да работат кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.
-По повод Турско–Македонскиот бизнис форум, заедно со нашиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу остваривме средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Северна Македонија Александар Николоски. На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на „AJet“ на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу TЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји, напиша турскиот министер за трговија Омер Болат.
Во согласност со визијата на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, за силна регионална соработка и економска интеграција, стои во објавата, со решителност продолжуваме да работиме кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.
-Во наредниот период ќе продолжиме да ги зајакнуваме транспортните коридори и да ги поддржуваме активностите на турските компании во Северна Македонија, придонесувајќи за поврзаноста, просперитетот и заедничкиот развој на Балканот. Длабоките пријателски и братски врски меѓу нашите земји ќе стануваат уште посилни преку новите проекти што ќе се реализираат во областа на трговијата и инвестициите - посочи министерот Болат.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
