Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје

Употребата на Градскиот воз и од следната година електричните еколошки автобуси, сериозно ќе влијаат врз намалување на загадувањето во Скопје, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Според него од 300 до 500 патници дневно користат градски воз на линијата Зелениково-Нова железничка.
“ Ветивме дека првата линија на градски воз ќе почне на 1 септември и првата линија на градски воз почна на 1 септември и ми е драго што и овој рок се испочитува. Дневната фреквенција е некаде 300 до 500 патници. Тоа се 300 до 500 помалку возила во центарот на градот. Тоа се 300 до 500 повеќе слободни паркинг места во центарот на градот и 300 до 500 возила што помалку загадуваат во центарот на градот”- вели Николоски.
Планот, според Николоски е намалување на бројот на возила преку интегрирање на јавниот превоз
“Густината на сообраќај е отприлика 30% влегува од западниот правец Тетово-Гостивар, 30% влегува од источниот правец тоа е Велес. Некаде околу 20% влегува од северниот правец тоа е Куманово, и уште 20% влегува од северозападниот правец, тоа е Приштина. И сега, бараме начин како да ги намалиме бројот на возила. Јас не велам дека на нула ќе дојдат, но ќе се намали загадувањето како еден од двата главни фактори за загадување во Скопје” – вели Николоски.
Најави дека се работи и на проектирање и на другите две линии од Градски воз, понатаму воведување на градски воз за Куманово и ако косовската страна направи реконструкција на пругата извесно е воведување и на меѓуградски воз Приштина-Скопје.
Ново на Сител
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
-

Трамп вели дека Путин сака договор повеќе од Зеленски
