Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот

Санацијата на свлечиштето на патот за Tеферич во Кисела Вода го презеде Министерството за транспорт и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација - информира денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Министерството го презеде проектот откога е утврдено дека Општината и Градот немаат капацитет за надминување на проблемот со исклучително сериозното свлечиште. Веќе е изработен проект за стабилизација и санација, која се очекува да биде завршена пред почетокот на зимата.
- Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено Охрид - Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите што ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје. Затоа премиерот Мицкоски реализира една координација на работна средба помеѓу нас, Општината и Градот. И овој вторник, на седница на Владата, донесовме одлука, со која целокупниот проект го презеде Министерството за транспорт. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам најбргу што може, а тоа е непосредно следната недела, да излезе тендерот за избор на изведувач. Потоа, некаде за месец-месец и пол, кога ќе се избере изведувач, да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена, така што целокупната проблематика ја презеде Владата преку Министерството за транспорт - изјави Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општна Кисела Вода.
МИА
Ново на Сител
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
