Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро

Со изградбата на браната Отиња, од која досега се реализирани 70 проценти, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро, кое ќе биде туристичка атракција и се очекува да биде во функција пролетта 2028 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
При увидот на работите на терен Николоски истакна дека за проектот има доволно средства во Буџетот и од обезбедените 488 милиони денари, реализирани се 311 милиони денари.
- За изградбата на браната Отиња до денес имаме 70 проценти реализација, а крајниот рок е април 2027 година, но доколку не послужат временските услови, доколку иаме сува градежна сезона може да го завршиме езерото уште оваа година. Потоа ќе биде потребно да се наполни една година, што значи некаде во пролетта 2028 година тука да видиме езеро што навистина ќе биде атракција и огромна работа, рече Николоски.
Ова вештачко езеро, посочи, ќе значи многу за развој на туризмот и за целата локална економија. Налик на Мавровското Езеро треба да го развие целиот регион и да претставува главна туристичка атракција во текот на летото за жителите на источниот дел на државата, но исто така и во текот на годината да се користи за рекреација, за развој на туризмот, да доаѓаат луѓе, и секако да се отвораат нови работни места. Езерото ќе служи и за наводнување и доколку е потребно во одредени критични периоди и за решавање на проблемот со водоснабдување, изјави Николоски.
Тој соопшти дека со градоначалникот на Штип Иван Јорданов разговарале и за уредување на просторот околу езерото, за да се искористи трупот на браната како патека од едниот до другиот крај на езеото и да се поврзе со Штип.
Ново на Сител
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
