Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на Општина Брвеница Стојанчо Радичевски, заедно со вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски денеска беа во посета на селото Стенче, од каде упатија пораки дека се реализираат конкретни проекти за развој на оваа општина.
-Денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме. Посетивме преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овде коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија кои доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква - рече Николоски.
Во таа насока, додаде Николоски, и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатаму оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал.
Николоски изрази уверување дека со конкретни проекти ќе ја поддржуваат општината, особено патната инфраструктура.
-Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти. Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница.
Тој ги повика жителите да го заокружат бројот 1 во следниот круг на гласањето за градоначаник на Брвеница.
МИА
Ново на Сител
-

Просечната нето-плата во август изнесувала 48.733 денари
-

Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
