Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање во Собранието.
Тој потенцира дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието.
- Она што сакам да го објавам после денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави. Се договоривме дека со почетокот на новата сезона на летање, односно од март месец 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Значи ќе имаме директен авионски лет којшто ќе лета Дубаи - Скопје. Тоа е веќе договорено и Flydubai ќе почне во март 2027 година, значи за некои 6 месеци од денес, да лета директно од Дубаи до Скопје, што многу ќе придонесе за зголемување на туризмот и тоа во оној период којшто во Македонија е вонсезонски, односно во период којшто е надвор од летото - нагласи Николоски
Тој додаде дека се уште се разговара и оти е многу извесно дека ќе се постигне договор за директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати до Охрид, што, како што истакна, многу ќе придонесе за развојот на туризмот.
Николоски додаде дека овие конкретни договори се резултат на владината посета на ОАЕ предводена од премиерт Мицкоски.
- На тие средби со премиерот Мицкоски и шеикот Мохамед бин Зајед, договоривме неколку значајни работи за меѓусебната соработка.
Првата е веќе реализирана, тоа е безвизен режим, односно веќе помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати се патува без визи, што е многу значајно, особено во делот на туризмот и размена на бизнисот. Исто така разговараме за потенцијални инвестиции. Доста македонски компании веќе почнуваат да извзуваат во Обединетите Арапски Емирати како место коешто станува центар во моментов на она што се вика претставување, пред сè во делот на саемите, коишто се селат од Западна Европа кон Обединетите Арапски Емирати. Скоро и да немате поголема индустрија којашто својот годишен саем не го има веќе префрлено во Обединетите Арапски Емирати, без разлика дали е Абу Даби, дали е Шарџа, дали е Дубаи или некое друго место - одговори Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ
-

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија
-

Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот
-

Променливо облачно, со локален дожд
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
