Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Неготино го честита големиот празник Св. Трифун и посака многу добар род и добри откупни цени.
На одбележувањето на, како што нагласи, најзначајниот празник за целиот Тиквешки Регион, Николоски посочи дека „убавите вести веќе стигнаа“ и дека „Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно работат, произведуваат.“
-Тоа, се надевам, дека ќе е мотив и стимул и за оваа сезона да има добар род и земјоделците да бидат што по‑мотивирани за што повеќе да сработат. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме и ќе продолжиме да го стимулираме земјоделието. Цените кои што може да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека следната сезона ќе имаме уште подобри цени и така секоја година ќе одиме нагоре, затоа што трудот мора да се цени и мора да стимулираме домашно производство, изјави Николоски.
Николоски, исто така, изрази задоволство што нашите компании, како што посочи, веќе се конкурентни на меѓународниот пазар.
-Пред неколку дена бев сведок во Париз како македонски винарии рамo до рамо со најдобрите европски винарии се натпреваруваа и навистина беше гордост да се биде таму, да се види како навистина рамо до рамо со европските компании и винарии имаат врвен квалитет и во некои производи се дури и подобри, односно се пред европските винарии, изјави Николоски.
Тој најави дека ќе продолжи поддршката во делот на инфраструктурата, кој, како што нагласи, е многу значаен за целото општество, за да може полесно да се комуницира.
-Градоначалничката има амбициозна агнеда. Ние ја поддржуваме како Влада. Тука зборувам и како министер за транспорт, но и како потпретседател на Владата и ќе продолжиме да ја поддржуваме во следниот период со почеток на градежната сезона, кога ќе се подобрат временските услови. Очекувам бројни проекти кои што се започнати да се завршуваат, полека да се отвораат, а исто така очекувам и да започнуваме нови проекти, изјави Николоски.
На одбележувањето на празникот Св. Трифун во Неготино, Демир Капија и Кавадарци, Николоски присутвува заедно со Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
МИА
Ново на Сител
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
