Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании

Надминувањето на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на Шенген зоната, како и изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците беше тема на разговор на денешниот конференциски состанок на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за внатреши работи Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков со претставници на Европската комисија, како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти.
На состанокот, како што информираат од Министерството за транспорт, беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и евроинтеграции од земјите од Западен Блакан - Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.
- Николоски ја поздрави иницијативата на ЕК за надминување на проблемот и преку аргументирани факти го истакна ставот на Владата преку кој се бара соодветно решение за овие категории на работници поради потребата од извршување на работните обврски во рамки на земјите од Шенген зоната. Во очекување на трајно решение, Николоски додаде дека е потребно Европската комисија реално да го идентификува проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и во најскоро време да имплeментира соодветни мерки кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании кои работат во меѓународниот патен сообраќај, соопшти Министерството.
Претставниците на Европската комисија, се вели во соопштението, ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ во која превозниците се прифатени како професионалци и беше истакнато дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите.
На состанокот е потврдено дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година.
Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.
На состанокот, додаваат од Министерствотоза транспорт, ЕК ја потенцираа важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија и најавија целосна посветеност во изнаоѓање трајно прифатливо решениe кое е во интерес на сите засегнати страни. Исто така беше потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни.
Владата веќе изрази целосна поддршка на превозниците и ги презема сите мерки што и стојат на располагање во насока на изнаоѓање прифатливо решение со цел да се овозможи непречена работа во рамки на меѓународниот патен сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Египет прогласи 35 исламски организации во Европа за терористички, меѓу нив и здружение од Македонија
-

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
-

Хорор во психијатриска болница во Загреб: 32-годишник починал по брутален третман од медицински техничари – го врзале, тепале и гушеле со перница
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
