Николоски: Спасовски нема кредибилитет да дава идеи за компаниите кои се на црна листа на САД
Се сложувам. Мислам дека тоа е нешто за што треба сериозно да се размисли. Еве во првиот дел мислам дека е добра идеа, но исто така треба да се размисли кога се даваат идеи кој е кредибилитетот на луѓето коишто ги даваат тие идеи, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање за коментар околу изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за создавање законска рамка за компаниите кои се наоѓаат на црната листа на САД да не можат да учествуваат на јавните набавки.
Николоски потенцираше дека Спасовски чиј ресор направи голема набавка на ИТ опрема нема никаков кредибилитет да дава вакви идеи.
„Во моментов можеби единствена поголема јавна набавка во Македонија која што е реализирана од компании и лица кои што се на црната листа на САД е реализирана токмо во Министерството за внатрешни работи коешто направи една голема набавка на ИТ опрема од компанијата Инфинити која што е поврзана со семејството Додик коишто се на црната листа на САД и беа на црната листа на САД и компаниите поврзани со Инфинити и семејството во моментот кога се случи оваа јавна набавка. Така што идеите се добри но треба да имате кредибилитет да ги дадете“, потенцираше Николоски.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Медицинска сестра од Онкологија: Васев во канцеларција имаше лекови
-
Злоупотреба на службени возила од денеска ќе може да се пријави на телефонскиот број: 070 399 050
-
Остра реторика и обвинувања меѓу партиите пред стартот на изборната трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува