Николовски тврди дека висок функционер од власта го открил скандалот во РЕК Битола
Висок функционер од СДСМ ги доставил информациите до опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводниот рекет на Вице Заев од битолската фирма Рубитон за тендер поврзан со РЕК Битола додека директор бил Васко Ковачевски.
Ова го откри потпретседателот на партијата Александар Николовски за тоа кој е свиркачот за оваа афера откако од МВР објавија дека двајца полициски службеници се сомничат за оддавање на службена тајна во врска со случајот.
Николовски вели дека истрагата на МВР треба да биде за тие кои го сториле рекетот.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека токму акцијата на полицијата докажува дека имало фалсификат на записниците од изјавата на бизнисмените кои го пријавиле рекетот.
Од СДСМ не коментираат дали внатре во партијата се разговарало за овој случај, но и понатаму тврдат дека аферата која ја отвори ВМРО-ДПМНЕ е лажна вест.
Мицкоски пред неколку дена на брифинг ја објави аферата. Како доказ за ваквите наводи понуди два полициски записници од пријавата која ја поднеле бизнисмените – во едниот стои името на Вице Н. како лице кое вршело притисок и закани, додека пак во другиот овој дел бил изоставен.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
