Нивото на Охридското Езеро во критична состојба
На Охридското Eзеро му се заканува еколошка катастрофа. Неповолните хидролошки услови, долготрајните сушни денови и малку врнежи за овој период од годината резултираа со драматично намалување на водостојот. Нивото е на кота 693,13 метри надморска височина, што е само три сантиметри над природниот минимум. Ваквата состојба негативно влијае на еко системот и целиот жив свет во едно од најголемите природни езера но и на самиот брег.
Како резултат на намаленото ниво често пати кај каналот Студенчишта изумираат огромни количини на риби, а покрај ваквата состојба останува и проблемот со рибокрадците.
И покрај тоа што Охридското Езеро е прогласено за природна реткост со светско значење признаена од УНЕСКО, сепак години наназад со неконтролирано градење, узурпација на крајбрежјето, постојаните осцилации и загадување се загрозува водниот басен.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
