Њујорк забрани користење на вештачката интелигенција во јавните основни училишта

Во јавните училишта во градот Њујорк оваа училишна година е забрането користењето на генеративната вештачка интелигенција (ВИ), или алатки како „ЧетЏиПиТи“, кои можат да генерираат текст, слики и друга содржина.
Забраната за користење на ВИ се однесува на повеќе од половина милион ученици од предучилишна возраст до осмо одделение и наставниците, а стапува во сила со почетокот на наставата следната недела.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани потврди дека градот воведува привремена едногодишна забрана за употреба на генеративна ВИ во основните училишта.
Со забраната опфатени се речиси 600.000 ученици или околу две третини од учениците во јавните училишта во Њујорк.
Новите правила не важат само за ВИ. На децата во градинка до 12 одделение ќе им бидат забранети и таблети, лаптопи и други уреди. За учениците од трето до петто одделение, се препорачува да не поминуваат повеќе од 30 минути на таблети, лаптопи и други уреди, додека за учениците од средно училиште, тоа време треба да биде ограничено на 45 минути.
За средношколците пристапот до ВИ ќе биде ограничен односно ќе би можела да биде дозволена во некои програми, како програмите за писменост, за кариера и професионална сертификација.
МИА
Ново на Сител
-

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал
-

Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец
-

Од 2012 до 2025 не е извршена инспекциска контрола во „Пулс“ од инспектор за противпожарна заштита
-

Српски медиуми: Вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана
-

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем - потребен е заеднички и координиран одговор
-

Николоски: Ветивме дека Градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи
-

Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки
