Македонец умре во американски затвор - Го гледале на камери додека умирал
Смртна казна наместо триесет дена зад решетки поради неплатена казна. Случајот на Давид Стојчевски, македонец по потекло кој го загубил животот во тешки маки и болка додека бил под видео надзор во затвор во Мичиген ја згрози јавноста. Стојчевски минатата година, откако и соопштил на полицијата дека не може да ја плати казната од 722 долари за сообраќајниот прекршок бил осуден на триесет дена затвор. Го пренеле во затворот во Мекомб. Како нарко зависник имал потреба од терапија, но наместо да ја добива затворските служби целосно заборавиле на него. Откако западнал во депресија поради несоодветниот третман, службениците во локалниот затвор гол го сместиле во самица. Наместо да добие третман Стојчевски бил оставен да ја губи битката за живот. По 17 дена семејството било известено дека е починат. Кога го превзеле телото не можеле да не забележат дека е 23 килограми послаб и сватиле дека нешто не е во ред. Кога ги погледнале снимките од видео надзорот во келијата каде починал Давид биле шокирани. Во шок е јавноста во САД откако видео снимката ја објавија медиумите пренесувајки го целиот случај.
Иако бил под подстојан надзор никој не реагирал на неговите повици за помош. Спиел на бетон додека стражарите го набљудувале и никој не влегол да помогне додека Стојчевски го испуштал и последниот здив.
Родителите на Давид заминале во САД по потрга по егзистенција. Во областа Мекомб тие отвориле пекара и живееле нормален живот. Заедно со адвокатот на смејството неговиот брад Владимир ја бара правдата.
Случајот на Стојчевски ја крена на нозе јавноста во САД. Случајот предизвика сериозни реакции и барања за одговор. Зошто за 722 долари бил сместен зад решетки и зошто никој не му помогнела додека го испуштал и последниот здив.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
