Loading Video...
Фудбал
7. March 2018 - 16:16

Прва МФЛ: Скопје ја прекина серијата на Силекс

Фудбалерите на Скопје славеа минимална победа во Кратово против Силекс со 1-0 со погодокот на Кофи уште во првиот дел. 

И покрај тешкиот терен домашните фудбалери во продолжението од натпреварот ја имаа иницијативата и испратија безброј нафрлувања пред гостинскиот гол но не ги искористија неколкуте убави прилики да го избегнат незгодниот пораз. 
И покрај поразот Силекс со натпревар помалку останува цврсто на третата позиција додека Скопје кој е последнопласирано има негатива од 5 бода во однос на најблиските конкуренти во битката за опстанок.