Loading Video...
Фудбал
16. March 2018 - 10:35

ЛЕ: Црвено-армејците го елиминираа Лион

Еден од најдраматичните дуели во Лига Европа се одигра во Лион каде рускиот ЦСКА допатува со негатива од 1-0 од првата средба во Москва.
Вистинска сензација направија фудбалерите на ЦСКА Москва, кои успеаја да стигнат до 3:2 победа на гостувањето кај Лион, така поништувајќи ја предноста која францускиот тим ја имаше по 1:0 победата во Русија.Гостите победија со 3-2 и се се пласираа во четвртфиналето.
 
Возбудувањата започнаа во 39м кога Александер Головин донесе водство за ЦСКА . Лион  израмни преку Максвел Корне. Нигериецот Ахмед Муса и Швеѓанецот Понтус Вернблом потоа ги шокираа домаќините со два гола во само пет минути за да ја обезбедат победата за Русите. Лион успеа да врати еден гол во 71. минута преку Диаз, но на крајот славеа „армејците“.